Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Не стигнаа далеку: Шверцери на цигари бегаа од полиција, се забија во дрво!

(ВИДЕО) Не стигнаа далеку: Шверцери на цигари бегаа од полиција, се забија во дрво!
Осум лица се уапсени во вчерашната полициска акција на македонско-бугарската граница, а четворица се во бегство. Полицијата ги сомничи дека шверцувале цигари од Македонија за Бугарија. Шверцерите со џип успеале да ја пробијат полициската заседа и започнале да бегаат. Предупредувачки, полицијата испукала неколку истрели во обид да ги запре шверцерите. По половина час потрага возилото било пронајдено забиено во дрво покрај патот, а во него шверцерите оставиле речиси 20 илјади кутии цигари со проценета вредност од околу 40 илјади евра. Полицијата успеала да им влезе во трага на две лица кои бегале од возилото и веднаш да ги уапси. Од преземените мерки утврдено е дека организатор на транспортот на наведените цигари е Б.А. (31) од Крива Паланка, кој исто така со автомобил се обидел да им избега на полицајците кои се обидувале да го уапсат, но не успеал. Во врска со истиот случај задржани се уште пет лица од Крива Паланка, а кај сите е извршен претрес во домовите. МВР продолжува да презема мерки за пронаоѓање на уште четири членовите на групата кои се во бегство http://www.youtube.com/watch?v=dQxIe3qaKS8
Слично

Поврзани вести