(ВИДЕО) НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО УДИРА ПО ГЛАВА И СО ШТО - брутални сцени од протестите во Нови Сад
Судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Нови Сад не престануваат, а во еден момент се случи вистинска драма пред градското собрание каде треба да се донесе новиот Генерален урбанистички план.
Граѓаните се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но полициските претставници со штитови и палки ги спречија да успеат.
Гневните граѓани се судрија со полицијата, но набрзо тензиите малку се смирија.
Да потсетиме, во Нови Сад денеска се протестира од граѓани кои се обидуваат да го спречат донесувањето на Генералниот урбанистички план, со кој се овозможува изградба на Нови Сад на вода.
Незадоволните граѓани фрлаа зелена боја кон полицијата, а на еден полицаец му беше одземен штитот.
Mislim da kreće haos u Srbiji! pic.twitter.com/pDrKfKdMSq
Извор: Нова.рс
Фото: Принтскрин
