Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ СЕ САМО ПОЖАРИТЕ: Турција сега се бори и со поплави кои однесоа жртви

(ВИДЕО) НЕ СЕ САМО ПОЖАРИТЕ: Турција сега се бори и со поплави кои однесоа жртви

Најмалку 11 луѓе загинаа, а едно лице исчезна во поплавите во северниот дел на Турција. 

Поплавите ги зафатија провинциите Бартин, Кастамону и Синоп, каде што врнеше силен дожд неколку дена. Во Бартин, најмалку 13 луѓе се повредени при уривање на дел од мост. Хеликоптери спасуваат луѓе кои се искачени на покривите на своите домови, јавија локалните медиуми. Во југозападна Турција, пожарникарите се борат со големиот шумски пожар во провинцијата Мугла, која се наоѓа долж Егејското Море. Во пожарите што беснеат од 28 јули загинаа најмалку осум луѓе. Турција оваа година беше погодена од пожари, поплави, земјотреси. 


Слично

Поврзани вести