(ВИДЕО) НЕ САКА НИ ДОБАР ДЕН ДА МУ КАЖЕ: Зошто Бојко Борисов го избегнува Груевски?
Бугарскиот претседател Бојко Борисов избегнува секаква средба со екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ова го изјави Борисов пред обраќањето на членовите на неговата партија ГЕРБ пред кои рече дека избегнува секаква средба со Груевски.
„Како што знаете јас со премиерот Груевски не зборувам, не сакам ни добар ден да му кажам, избегнувам секаква средба со него да имам. Повеќе пати сакал, ама избегнувам. И мене не ми се допаѓа што прават таму, но тоа си е нивна македонска работа“, вели Борисов.
Уште повеќе, таму претседателот на социјалдемократите ми е пријател, тој доаѓа кај мене, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на работната средба на партијата ГЕРБ.
Погледнете го видеото (Изјавата за Груевски е на 44 минута и 50 секунда)
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/reZaFI4d2Xk[/embed]