(ВИДЕО) НЕ ЈА ДАВА ЗЛАТНАТА ТОПКА: Погледнете како и со кој ја прослави Роналдо победата
Фудбалерот на мадридскиот Реал Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер на светот, а во конкуренција ги имаше Лионел Меси (Барселона) и голманот на минхенски Баерн Мануел Нојер.
На свечената церемонија во Цирих Роналдо по втор пат, а трет во кариерата доби престижна награда, а тоа го прослави со синот.
Кристијано Роналдо во 2014 година во репрезентацијата на Португалија на првенството во светот во Бразил го заврши натпреварувањето во групната фаза, но во дресот на шпански Реал оваа година го освои трофеjот на Лига на шампиони и европскиот Суперкуп.
Роналдо, е минатогодишниот добитник на признанието Златна топка која ја доделуваат ФИФА и францускиот весник „Франс фудбал“, а ова му е трета во кариерата.
Слично



