Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ Е ГОТОВО: Нови поплави во БиХ!

(ВИДЕО) НЕ Е ГОТОВО: Нови поплави во БиХ!
Поројниот дожд кој заврна вчера во делови од Босна и Херцеговина го врати повторно ужасот од поплавите. Токму кога луѓето се подготвуваат да се вратат во своите домови и да започнат со расчистувањето на последиците од катастрофата, две населби на североистокот на земјата - Ораховица и Долна Ораховица се одново поплавени. За само 15 минути ги поплавила надојдената вода од Морањачка Река. Водата навлегла до првите катови на куќите, а нивото на вода на одредени места изнесува и до 120 сантиметри. Наносите на тиња и кал се над 20 сантиметри. Овој дел од Грачаница беше поплавен и на 15-16 мај со излевање на реката Спреча, но штетите од денешните поплави за жителите на овој крај, кои живеат од земјоделство, се уште поголеми. http://www.youtube.com/watch?v=v27W03mTuMc
Слично

Поврзани вести