Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Насилни протести во Тирана откако полицаец уби момче

(ВИДЕО) Насилни протести во Тирана откако полицаец уби момче

Тензични протести денеска се одржаа во Тирана, откако полицаец уби момче. 

Полицаец го уби Клодјан Раша (25) во близина на неговиот дом во населбата Лапрак во Тирана, кога, според неговите родители, заминувал на  кафе со другарите.

Под мотото „И ние сме Клодјан“, протест се одржа во Тирана, прво пред Министерството за внатрешни работи, по што демонстрантите се упатија пред Владата.

Граѓаните се собраа самоиницијативно преку социјалните мрежи, за да побараат правда. 

Имаше судир меѓу полицијата и учесниците во протестот, но и меѓу самите демонстранти.

Тие ја уништиле новогодишната елка откинувајќи дел од светилките, што предизвикало спој и прегорел целиот систем. Потоа елката е потпалена и урната на земја.


Слично

Поврзани вести