Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА: Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон Владата

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА: Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон Владата

Илјадници демонстранти од цела Албанија пристигнаа во Тирана на антивладин протест кој го организираше Демократската партија. Инциденти имаше пред зградата на владата.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и од вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Демократската партија тврди дека причината за протестот се случаи на корупција.

Демонстрантите истакнуваат дека Белинда Балуку е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Затоа, Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

„Имајте доверба дека, исто како што ја спасивме опозицијата кога сакаа да ја уништат, така ќе ја спасиме и Албанија, ќе ги спасиме Албанците и ќе им го дадеме местото што го заслужуваат“, рече претседателот на Демократската партија, Сали Бериша.

Потоа избувна пожар од надворешната страна на зградата, а неколку лица беа повредени во немирите.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести