Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Насилни протести во Атина поради железничката несреќа

(ВИДЕО) Насилни протести во Атина поради железничката несреќа

Демонстрации има во Атина поради железничната несреќа која однесе во смрт најмалку 42 луѓе. 

Причина за револтот е што Владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Трејн“ која сега оперира со патнички и товарни возови. Полицијата со солзавец се обиде да ги спречи луѓето на улиците.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави дека сè укажува дека човечка грешка е причина за несреќата. Формирана е комисија која ќе го истражи случајот.  Министерот за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис, преземајќи објективна политичка одговорност, веднаш поднесе оставка.

На 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажал на бројни проблеми во грчките железници. Во писмото стои дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема крај на несреќите“.


Свртничарот признал вина за несреќата. Тој погрешно го насочил возот и може да добие од 10 години до доживотен затвор. 

Слично

Поврзани вести