Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСА лансираше сателит кој ќе помогне во борба против поплави и суша!

(ВИДЕО) НАСА лансираше сателит кој ќе помогне во борба против поплави и суша!

НАСА успешно ја лансираше ракетата Делта 2 на која е сместен сателитот СМАП (Soil Moisture Active Passive) за следење и мерење на влагата на тлото, но и мапирање на смрзнување и одмрзнување на тлото.

Делта 2 е лансирана од воената база во Калифорнија, а сателитот СМАП новите податоци за влажноста на тлото ќе ги собира секој втор до трет ден, објавува НАСА.

Научниците веруваат дека податоците ќе бидат од огромна  важност  во проценките на климатските промени, а резултатите кои ќе се праќаат на СМАП би требало да одиграат важна улога во борбата против поплавите, но и сушите.

Податоците кои сателитот ќе ги праќа ќе се користат и во проценки важни за временската прогноза, што би требало да се одрази на квалитетот на  квалитетот на животот на Земјата, помеѓу останатото и на земјоделското управување со водените ресури.

СМАП, како што е предвидено, ќе ја обавува својата должност три години, а НАСА овој проект ја чини 916 милиони долари.

Слично

Поврзани вести