(ВИДЕО) Нападнат домот на грчка пратеничка
Демонстранти синоќа се судрија со полицијата пред домот на пратеничката на СИРИЗА, Бети Скуфа во грчкиот град Катерини, јави МИА од Атина.
До инцидентите, според локалните медиуми, дошло кога групата, за време на протестот во центарот на градот, се обидела да стигне до домот на Скуфа, но била спречена од полицијата.
Демонстрантите за да го пробијат полицискиот кордон фрлале молотови коктели и камења, а полицијата одговорила со солзавец и привела 10 лица.
Вакви инциденти пред домот на пратеничката имаше и во четвртокот вечерта, а полицијата уапси шест лица, меѓу кои две малолетни. Таа за грчките медиуми изјави дека никој нема да ја исплаши.
Слично
