Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД СО НОЖ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА, ЖЕНА ПРОБОДЕЛА ДВАЈЦА МАЖИ: Едниот е Бугарин другиот странец, расечени се во грбот и во градите

(ВИДЕО) НАПАД СО НОЖ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА, ЖЕНА ПРОБОДЕЛА ДВАЈЦА МАЖИ: Едниот е Бугарин другиот странец, расечени се во грбот и во градите

Утринава во центарот на Софија, на булеварот „Витоша“, се случи напад со нож во кој беа повредени двајца мажи – бугарски државјанин и странец. Според информациите од Итната медицинска помош, двајцата повредени се пренесени во болница.

Првиот повик до службите бил направен во 08:25 часот, кога 21-годишен маж со расечена рана на грбот бил пренесен во Воената медицинска академија (ВМА). Лекарите информираат дека е во стабилна состојба и комуникативен. 

Девет минути подоцна, во 08:34 часот, бил примен уште еден итен повик за втор инцидент во близина на првиот. Овојпат, жртва бил 51-годишен маж, странец, кој бил прободен во градите и пренесен во болницата „Пирогов“.

Полицијата брзо реагирала и уапсила 22-годишна жена, осомничена за нападите. Според првичните информации, таа страда од психичко заболување.

Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата ги испитува мотивите на нападот.

фото: YouTube/Print Screen

Слично

Поврзани вести