(ВИДЕО) НАМЕСТО СПЕКТАКЛ, СЕ СЛУЧИ ФИЈАСКО ВО БУДВА: Дроновите завршија во морето
Новогодишното дрон-шоу во црногорскиот град Будва наместо на небо, заврши во море, а сега се истражува како пропаднаа десетици илјади евра.
Дрон-шоуто што требаше да се изведе на небото над стариот град во Будва заврши неславно.
Околу 600 дронови наместо да полетаат кон небото, паднаа во морето и на платото пред Капетанија. Никој не е повреден.
Будванската полиција за „Вијести“ изјави дека спровела истрага и за сè го информирала обвинителството во Котор. Што точно се случило со скапата претстава со дронови, вредна неколку десетици илјади евра, ќе утврди експерт ангажиран од обвинителот.
На шоуто со дронови му претходеше спектакуларен огномет над морето.
На социјалните мрежи кружат снимки од фијаското на дрон-шоуто во Будва, но и на спектаклот што го направија илјадници дронови на новогодишната ноќ во Кина.
foto printskrin
