(ВИДЕО) Најпознатиот босански ММА борец му отчита лекција на насилник кој тепал девојка пред неговиот клуб
Пред еден познат сараевски клуб надзорните камери забележале инцидент кога маж ја тепал девојката се додека не се појавил сопственикот на клубот и познатиот ММА борец Денис Стојниќ.
Имено, во неделата, во раните утрински часови се гледа како спомнатиот клуб го напушта девојка и брзо се движи кон главниот пат. По неа истрчал маж кој веднаш ја повлекол за коса и почнал да ја удира зад паркираниот автомобил.
За да спречи евидентно насилство до клубот брзо излегол Денис Стојниќ. Со брзата реакција го одделил мажот од девојката и со неколку удари го совладал.
Недолго потоа од тој објект излегле и други лица кои ги раздвоиле Стојниќ и спомнатиот маж.
Стојниќ порачал дека не можел да гледа насилство над девојката а посебно не во свој објект.
-Кога видов на камерите дека огромен маж дури и пропорциски физички поголем од мене, и удира на жена песница во глава, јас веднаш истрчав и така реагирав за да ја заштитам девојката од насилникот. Го совладав и на крај девојката заедно со своето обезбедување ја испративме до такси , а таа не сакаше случајот да го пријави во полиција. За жал, во нашата земја се повеќе е застапено насилството над жените, а мојата должност како човек, граѓанин, па потоа како сопственик на објектот е сите во мојот локал да се чувствуваат сигурно, а посебно жените-рекол Стојниќ.
