(ВИДЕО) Најкритично во Ваљево, градот целосно е отсечен!
Ситуацијата со поплавите во соседна Србија е најлоша во градот Ваљево - речиси сите мостови се затворени заради излевањето на реката Колубара, а повеќе од 100 лица се евакуирани.
Сообраќајот се одвива отежнато, а освен исклучената струја, домаќинствата се соочуваат и со рестрикции на вода за пиење, бидејќи е исклучена една од главните станици за санбдување.
Речиси сите патишта што го поврзуваат овој српски град со околните места се во прекин. Заради поплавите морале да бидат евакуирани и 24 затвореници од Казнено-поправниот дом во Ваљево и да бидат префрлени во Белград.
Денеска е неработен ден, а сите возрасни мажи се повикани да помогнат во подигање на бедеми за да се спречи надојдената вода.
Во Србија, во тек е итна владина седница на која се очекува да биде прогласена вонредна состојба на целата територија на земјата заради поплавите во кои две лица го загубија животот.
http://www.youtube.com/watch?v=BW7LkoKatY4
Слично
