(ВИДЕО) На Водици поп со џипот влезе во река
Српски поп за Водици со џип влезе во реката, па ги „мотивираше“ и учесниците.
Свештеник од Србија стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од традиционалното фаќање на крстот за Водици, каде тој со џип влегува во реката.
Видеото можете да го видите овде.
За Водици во регионот имало многу необични ситуации, се случувало и свештеник да падне во водата за време на церемонијата, или пак да има тепачка за крстот. Ваков инцидент годинава имаше во Ботевград во Бугарија.
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, скокаше по крстот, при што си го исече стапалото.
Слично
