Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) На Родос 30.000 луѓе избегаа од пламените јазици

(ВИДЕО) На Родос 30.000 луѓе избегаа од пламените јазици

Луѓето на грчкиот остров Родос бегаат од пожарот, ги евакуираат по училишта и стадионите. Станува збор за 30.000 луѓе. 

Веќе шест дена беснеат пожари. Огнот се шири на неколку километри. Во затворениот стадион Венетоклион, привремено се сместени стотина туристи.  Првите туристи се пренесени во Калатија од Родос, на затворено кошаркарско игралиште. 

„Прво ги земаа жените и децата“, рекла британската туристка Џејн Пломгрен. 

Таа престојувала во Линдос Империјал и ја напуштила плажата покрај хотелот со помош на работниците. Неколку земји понудија помош на Грција за гаснење на пожарите. 


Слично

Поврзани вести