Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) На премините „Јариње“ и „Брњак“ не може да се помине ниту пеш

(ВИДЕО) На премините „Јариње“ и „Брњак“ не може да се помине ниту пеш

Траат блокадите на северот на Косово, ноќта помина мирно, но тензично.

На премините „Јариње“ и „Брњак“ не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил. Оние кои доаѓаат од централна Србија можат да поминат само преку преминот „Мердара“ и јужно од него. Полицијата е присутна на сите премини во Косовска Митровица и Зубин Поток. 

Како што објави РТС утрово имало поголемо присуство на полиција во мултиетничката населба Бошњачка Маала во Северна Митровица.

„На агресијата ќе одговориме со сета сила“, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Курти синоќа изјави дека Приштина не сака конфликт. Му пречи тоа што Србија сака да има свои безбедносни сили на северот. 

ОВК се заканува со нова војна. 

Косовската полиција соопшти дека во три различни случаи како што рекоа, „криминални групи“ ги нападнале со огнено оружје, на патот што води кон административниот премин Брњак. Велат затоа морале да одговорат.


Слично

Поврзани вести