(ВИДЕО) На пијана медицинска сестра и паѓаат епрувети
Медиумите во соседна Србија објавија снимка направена со мобилен од жена во бела униформа како се тетерави при што од рацете ѝ паѓаат епрувети.
На снимката која пациент ја испратил во редакцијата ,,Јужне вести”, се гледа медицинско лице кое се тетерави низ ходниците, а по пат ѝ паѓаат епрувети со крв и листови. Жената зборува полека и неразбирливо и едвај одговара на прашањата на пациентите. Граѓанинот кој ја испратил снимката е загрижен за пациентите во клиниката во Ниш и за резултатите од анализите.
Директорот Зоран Радовановиќ , кој ја видел снимката тврди дека е тенденциозно направена и дека не станува збор за пијана медицинска сестра. Вели дека се работи за хигиеничарка која има здравствени проблеми.
Слично
