Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) На крај на учебната година запалиле дел од фасадата на училиштето

(ВИДЕО) На крај на учебната година запалиле дел од фасадата на училиштето

Дел од фасадата на oсновното училиште „Владо Милиќ“ во населбата Доња Горица во Подгорица изгоре откако учениците ја гаѓале со запалени бакљи и петарди.

Можни поголеми инциденти спречи полицијата, која дојде на повик на управата на училиштето чии членови, заклучени во зградата,  набљудуваа како учениците ја „бомбардираат“ фасадата на  зградата и влезот. Директорната Билјана Ќулафиќ пријави во полиција дека повеќе завршени основци и постари момчиња, но и неколку 13-годишници, учествувале во опсасата, но бидејќи се малолетни не подлежат на кривична одговорност.

Во училиштето тврдат дека меѓу напаѓачите имало и деца кои не се нивни ученици. Проблемот настанал кога група ученици со бакли и петарди тргнале кон децата кои биле на влезот на училиштето и наставниците кои гледале што се случува

Тврдат дека се затвориле во училиштето, од каде повикале полиција и гледале што се случува надвор, стравувајќи некој да не се повреди. Во тој момент некој фрлил бакља на симсот над влезот и пламен ја зафатил новата фасада.

Од управата на училиштето предупредија дека децата не можеле сами да си купат скапи пиротехнички средства.


Слично

Поврзани вести