Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) На Косово има десетина повредени, состојбата може да ескалира

(ВИДЕО) На Косово има десетина повредени, состојбата може да ескалира
Има десетина повредени во инцидентите кои се случија денеска во северно Косово. 

Во болницата во градот Косовска Митровица е потврдено дека во судирот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина луѓе, јави дописникот на РТС. Сега ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС. Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби. Градоначалниците од албанска националност требаше да стапат на должност. На социјалните мрежи се шират видеа од насилствата. Има и запалени автомобили. Војската на Србија е во борбена готовност. Со месеци има тензии на Косово. 

фото МИА


Слично

Поврзани вести