(ВИДЕО) На Јутјуб снимка на која Заев наводно бара мито, Заев негира!
На каналот на Јутјуб после аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер се појави видео, во кое според некои медиуми, наводно се слуша разговор помеѓу Заев и локален бизнисмен од кој тој бара поткуп .
Од она што може да се слушне на снимката и од титлот што „hm home“ го обезбедува на видеото може да се заклучи дека Заев дава насоки како дел од парите треба да се уплатат.
Ова е видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5ptCYSaLFRI[/embed]
Во врска со ова видео, со реакција и изјава за медиумите се јави опозицискиот лидер.
Тој посочува дека премиерот за да ја спаси својата кожа повторно ги крши Уставот и законите, и дека денешното видео е уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка и истата можела единствено да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР.
„Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка.
Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост“, рече Заев.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/RBE4xJJpcm8[/embed]
Тој го повика Јавното обвинителство веднаш да ја објави целосната снимка и на неа ќе се видело дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали.
„Изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали.
Во прилог ќе добите ЦД со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов“, додаде Заев.
На крајо тој посочи дека протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки.
Слично
