(ВИДЕО) На брод најден над еден тон кокаин
Властите во Романија откриле повеќе од еден тон кокаин кој вреди над 300 милиони евра. Дрогата е најдена во брод што се насукал на реката Дунав.
Во полициската акција се уапсени двајца Срби, а кокаинот потекнувал од Јужна Америка.
Дрогата е однесена во Агенцијата за организиран криминал во Букурешт.Главниот обвинител во романската Управа за борба против организираниот криминал и тероризмот, Феликс Банила изјави дека полицајците го нашле кокаинот на 22 март крај превртен брод во местото Свети Ѓорѓи, во источна Романија. Тој додаде дека властите во врска со случајот привеле двајца Срби.
Дрогата била пронајдена неколку дена откако полицијата открила сличен пакет со кокаин во таа област, кој најверојатно испаднал од камион.
Банила изјави дека дрогата стигнала по морски пат и дека минувала низ Романија.
