Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) На 1 мај жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул

(ВИДЕО) На 1 мај жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул

Полицијата и демонстрантите се судрија во реонот на Бешикташ во Истанбул откако група се обиде да премине кон плоштадот Таксим.

Полицијата употреби солзавец и приведе повеќе од 200 луѓе. Сите патишта кон плоштадот Таксим се блокирани.

Во исто време полицијата спречи група демонстранти организирани од синдикатот Диск да постават венец на Таксим, на местото каде пред 40 години на денешен ден беа убиени 34 синдикалци.

Илјадници луѓе има во Бакркој, каде властите дозволија одржување на митинг по повод 1 мај. Кордон полицајци вршат претрес на учесниците. Според турските медиуми првпат се применува ваква безбедносна мерка.

Полициското присуство низ градот е засилено, и тие со хеликоптери го надлетувале небото. Тензиите се особено зголемени откако претседателот Реџеп Таип Ердоган успеа да добие поголеми овластувања на референдумот одржан минатиот месец.

Околу 30.000 полицајци се ангажирани за безбедноста во Истанбул.

Денеска насилни протести има во Грција и Италија каде работниците бараат повеќе права. 


Слично

Поврзани вести