(ВИДЕО) МВР: Осомничените учесници во насилните протести на суд!
МВР работи на целосно расчистување на насилните протести од петокот, за идентифиување на сите вандали и хулигани кои што ја каменуваа полиција, ги повредија полициските службеници и ја оштетија зградата на Судот, истакна вчера помошник министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.
Според Котевски, досега се идентификувани 24 учесници во насилните протести од петокот. Шест од нив пред два дена биле изведени пред судија на претходна постапка со кривична пријава за основано сомениние дека сториле кривично дело „учество во толпа и спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“.
МВР, нагласи тој, во моментот ги документира доказите за уште две лица кои во натамошна постапка исто така ќе бидат кривично гонети.
Против девет лица пак е поднесена прекршочна пријава и се издадени платни налози за глоби.
Врз основа на полициските видео снимки и снимките прибавени од медиумите, појасни Котевски, идентификувани се уште седум лица, дел од нив се обезбедени, а остантите ќе бидат повикани.
Во врска со вчерашните протести пак, МВР приведе три лица и по завршување на консултациите со Обинителството, ќе биде донесена одлука дали и каква постапка ќе се превземе.
(Извор: press24mk)
