Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: МВР објави снимки по нападот во Гошинце

ВИДЕО: МВР објави снимки по нападот во Гошинце

После направениот увид во нападната караула во Гошинце на границата со Косово, МВР објави видео снимки.

Од таму информираат дека имаат докази кои ќе помогнат да се расчисти овој случај при што случајот го документираат како терористички чин.

Имено, два дена после наводниот упад на 40 вооружени и маскирани лица во караулата во Село Гошинце, кои ги малтретирале и им се заканувале на четворицата полицајци на должност, не е многу јасно што точно се случило, иако одговорноста за тој инцидент во име на УЧК ја презеде извесен командант Фљамури.

Додека едни тврдат дека се работи за терористички напад сличен на оној од 2001 , други тврдат дека наводниот настан го следат серија нејаснотии и нелогичности, и дека реакцијата на надлежните во најмала рака е чудна.

Според неофицијалните информации увидот во караулата е завршен а полицијата си заминала и се чека вештачење.

За денеска е најавен и работен состанок на косовската и македонската полиција во врска со инцидентот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/edYzi4f11bM[/embed]
Слично

Поврзани вести