(ВИДЕО) МУ „ПУКНАЛ“ ФИЛМОТ: Зошто вооружен маж се закануваше пред српската Влада?
Неисполнето политичко ветување од 2006 година дека на воените пензионери ќе им бидат зголемени пензиите - ова според српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, кој се сретна со вооружениот човек откако тој го предаде оружјето на полицијата.
http://www.youtube.com/watch?v=OL9USaoOCSY
„Во периодот на 2006 година тогашната власт во рамките на своите претходни активности на сите воени пензионери им ги зголеми пензиите за 10%, но без намера покачувањето да им го исплати, затоа што после донесоа одлука да не биде исплатено. По мова воените пензионери ја тужеа Србија и Министерството за одбрана, а судовите носеле различни одлуки - на неко дека им припаѓа покачување, а на некои не“, појасни Гашиќ.
Тој најави дека ќе разговара со министерот за финансии и незадоволните воени пензионери за конечно да се најде решение за овој проблем.
„Тој човек е пензиониран релативно млад, два пати е рануван во војна. Премиерот и јас го разбираме и по налог на премиерот наскоро ќе се сретнам со министерот за финансии да ги повикаме тие луѓе не разговор, да им ја објасниме ситуацијата во која се наоѓа државата и да најдеме решение за тие луѓе, бидејќи нам не ни е цел некој да биде оштетен“, нагласи Гашиќ.
Пензионираниот потполковник, кој вооружен се закануваше пред зградата на српската Влада, се соочувал и со нерешено станбено прашање, но ја сфатил својата грешка, по што бил испратен на лекарски преглед.
„Нас сега не напаѓаат дека не е уставно да ги намалиме платите и пензиите за 10% за да ја спасиме државата, а дали беше уставно кога без размислување ги подигаа и платите и пензиите, без да знаат дали тоа во некој рок ќе може да се исплати и дали буџетот ќе го издржи товарот на нивните предизборни ветувања?“, праша Гашиќ.
Слично
