Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МОСТОВИ, УЛИЦИ И ПОДРУМИ ПОД ВОДА: Поплави ја зафатија Бугарија

(ВИДЕО) МОСТОВИ, УЛИЦИ И ПОДРУМИ ПОД ВОДА: Поплави ја зафатија Бугарија

Поплави ја зафатија Бугарија. 

Поплавени улици, мостови и подруми има во општините Сандански и Петрич, поради обилниот дожд кој паѓа од синоќа. На сила е вонредна состојба во двата града. На места паднатите количества дожд се од 20 до 80 литри на квадратен метар.

„Најтешка е положбата во селата околу Сандaнски – Лешница, Леуново, Склаве, Лилјаново, Ново Делчево и Џигурово“, изјави градоначалникот на општината Атанас Стојанов, цитиран од БТА и БНР.

Силниот дожд создава проблеми и на берзата за зеленчук крај селото Крналово.
Поради свлечишта, сообраќајот на 151 км долгиот автопат „Струма“ во правец на Софија се одвива по заобиколувачката лента.

Градоначалникот на Сандански потврди дека е вонредна ситуацијата на влезот на градот, каде водата поплави неколку мостови, а едно семејство се најде во тешка ситуација со својот автомобил. 

За Хасково, Крџали, Пазарџик, Смолјан, Ќустендил и Благоевград е објавен портокалов аларм, а за други девет области и градот Софија алармот е жолт. За трите општини во Благоевградскиот регион – Петрич, Сандански и Струмјани – алармот за обилни врнежи е црвен.

фото EPA/STR


Слично

Поврзани вести