Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мостар: Турист скокна од мостот, мештаните го дочекаа со тупаници

(ВИДЕО) Мостар: Турист скокна од мостот, мештаните го дочекаа со тупаници

Неодговорното однесување на странски турист можело да има трагичен исход денеска во Мостар, кога непрофесионално скокнал од Стариот мост во реката Неретва, и покрај предупредувањата на локалното население, пишува Ослобоѓење.

Откако излегол од студената вода, го пречекала група револтирани мостарци кои физички го нападнале, огорчени од неговата непромислена постапка.

Скокот е снимен со мобилен телефон, а видеото брзо се споделува на социјалните мрежи.

Скокањето од Стариот мост е долгогодишна традиција во Мостар и бара исклучителна физичка подготвеност, тренинг и претходна најава, бидејќи висината на мостот е околу 24 метри, а температурата на реката често е екстремно ниска, дури и во текот на летните месеци.


Слично

Поврзани вести