Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МОРБИДНИ СНИМКИ ОД НЕСРЕЌАТА БЕЛГРАД-НИШ: Очевидци со страотни сведочења

(ВИДЕО) МОРБИДНИ СНИМКИ ОД НЕСРЕЌАТА БЕЛГРАД-НИШ: Очевидци со страотни сведочења

На автопатот Белград-Ниш кај Јагодина утринава во 7,20 часот се случиле два верижни судири во кои загинале најмалку 6 луѓе, потврдено е од МВР Србија.

На терен се гледаат морбидни глетки, згужвани автомобили, приколки на возила, помеѓу 20-30 уништени автомобили.

„Се движев од правецот Ниш со нормална брзина. Видливоста беше намалена, а кога ја поминав Морава - ѕид. Ништо не се гледа. Имаше толку големаа магла. Почнав веднаш да кочам, го стигнав камионот пред себе, застанав, излегов од камионот и веќе сите возила почнаа да се удираат“, рекол за РТС еден од возачите.

Луѓето се заробени во своите возила и пожарникарите спасувачи се обидуваат да ги извлечат.

Еден од очевидците вели дека било непрегледно, видивоста била едвај 10-15 метри, додека во еден момент слушнал врисоци. Како вели, во автомобилот покрај себе видел мртва жена со деца во колата.

Сообраќајот на автопатот во двата правци е блокиран, па се создале колони автомобили.

Алтернативен правец Белград - Ниш е исклучување на петлата Јагодина кон градот до Чуприја.

Погледнете ги видеата овде.

Фото:  RAS SRBIJA

Слично

Поврзани вести