(ВИДЕО) Могерини се извини на Грција откако употреби „Македонија“ наместо „ФИРОМ“
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерико Могерини се извини на Грција, откако го употреби уставното име на Македонија.
На прес-конференција на 4 март во одговор на новинарско прашање во врска со политичката криза во земјата, Могерини неколку пати рече Македонија.По реакција на грчки медиуми и пратеници таа се извини.
„Секогаш користам ПЈРМ. Понекогаш се случува човек да направи грешка. Особено кога 24 часа и седум дена во неделата се занимава со кризи“, изјавила Могерини.
Слично
