Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МНОГУ ПРЕТПОСТАВКИ, А ТОЧЕН ОДГОВОР НЕМА: Неидентификуван објект лоциран во морето кај Солун

(ВИДЕО) МНОГУ ПРЕТПОСТАВКИ, А ТОЧЕН ОДГОВОР НЕМА: Неидентификуван објект лоциран во морето кај Солун

Со апликацијата Google Earth во Егејското море  кај Солун неодамна е забележан необичен објект. 

За него никој со сигурност не може да потврди за што точно се работи. 

Корисникот на Google Earth кој ја објавил снимката на порталот Disclose.tv тврди дека тоа е објект со должина од  67 метри.

Веднаш потоа почнаа и шпекулации за што всушност станува збор, а некои корисници на интернет веруваат дека се работи за стар потонат светилник. Други, пак, кружната форма ги потсетува на вулкански кратер.

„Ова е чудно. Водата наоколу изгледа многу подлабока. Ништо во оваа област не изгледа ни малку слично со објектот. Неговата форма, исто така, се чини дека е премногу симетрична. На север има едно пристаниште. Дали е можно оваа структура да потекнува од него“- прашува корисник кој го погледнал видеото.

Има повеќе терории на заговор, за тоа што би можело да биде. 


Слично

Поврзани вести