Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МИНИРАЛЕ БАНКОМАТ: Разбудиле цел град, но дали земале пари?

(ВИДЕО) МИНИРАЛЕ БАНКОМАТ: Разбудиле цел град, но дали земале пари?

Kрадци минирале банкомат во излог на продавница во хрватскиот град Карловац. 

Според тамошните медиуми, жителите на Карловац околу 2:30 часот по полноќ се разбудиле од силна експлозија. Полицијата, која веднаш пристигнала на местото на настанот, само можела да констатира дека непознати сторители го уништиле банкоматот поставен во продавницата „Феротерм“ и во обид да украдат пари од него, скоро целиот го понеле со себе.

Полицијата објавила дека никој не е повреден во инцидентот. Вториот банкомат, кој е веднаш до минираниот, не е оштетен.


Слично

Поврзани вести