Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Мигрантите во Идомени запалија воз кој им служел за преноќување

ВИДЕО: Мигрантите во Идомени запалија воз кој им служел за преноќување
Во Идомени кај железничката станица утрово се тепале две групи на бегалци, Курди и Авганистанци. Во инцидентот учествувале околу 200 мигранти. По тепачката запален е вагон од воз,  кој грчката железница им го дала на бегалците да го користат за ноќевање. Медиумите пишуваат дека поголема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живеат цели семејства. Засега не се знае колку мигранти се повредени. По брзата интервенција на грчката полиција, ситуацијата е ставена под контрола. По завчерашните инциденти на македонско-грчката граница,  грчките полициски сили денеска се поорганизирани и засилени, а наводно имало и дојава за нов можен протест во кампот кај Идомени. Во Грција има информации дека низ кампот се шират гласини и повици за нов масовен протест покрај македонската заштитна ограда. [embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/qZGwIKWzueo[/embed]
Слично

Поврзани вести