Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МИГРАНТИ СЕ ТЕПАА СО ПОЛИЦИЈАТА: Има повредени, а оштетено е и возило

(ВИДЕО) МИГРАНТИ СЕ ТЕПАА СО ПОЛИЦИЈАТА:  Има повредени, а оштетено е и возило

Дваесет лица се уапсени денеска откако во прифатниот центар за сместување на емигранти во Велика Кладуша имало судири, при што се нападнати и полицајци.

Поголем број емигранти се повредени, а во нападот се повредени и тројца полициски службеници. Оштетено е и едно полициско возило.

Во тепачката учествувале најмалку стотина емигранти, а објавена е и снимка од инцидентот.

Обезбедувачите на објектот не можеле да ги совладаат насилниците па ја повикале полицијата, но учесниците на тепачката ги нападнале и полицајците фрлајќи камења и шишиња врз нив и удирајќи ги со метални прачки.

Потоа на полицајците добиле засилување од Велика Кладуша и Бихаќ, а по интервенцијата насилството е сопрено во раните утрински часови.

Слично

Поврзани вести