Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мигрант фатен во обид за кражба, се обиде да одземе пиштол од полицаец

(ВИДЕО) Мигрант фатен во обид за кражба, се обиде да одземе пиштол од полицаец

Мигрант во Србија се обидел да украде пиштол од полицаец, откако е осомничен за кражба. 

На социјалните мрежи се појави снимка од инцидент во Белград, на која се гледа како полицајци се обидуваат да разговараат со мигрант, осомничен за кражба, кога тој во еден момент се обидува да му го одземе пиштолот на еден од полицајците.

Настанот се случил во продавница на улицата Крал Милан, од каде работниците пријавиле дека мигрант се обидувал да украде храна, поточно сирење.

Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да го земе пиштолот.

По ова, полицијата го уапсила.


Слично

Поврзани вести