Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мицкоски се сретнал со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, му кажал колку пари ќе инвестира

(ВИДЕО) Мицкоски се сретнал со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, му кажал колку пари ќе инвестира

Македонската делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на вториот ден од Светскиот економски форум во Давос се сретна со многу бизнисмени.

Мицкоски информира дека имал состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија.

„Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, вели Мицкоски.

Мицкоски учествувал и на панел- дискусијата со светските лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините коишто следат, потенцирајќи ја вештачката интелигенција.


Слично

Поврзани вести