(ВИДЕО) Мечка се шета во школски двор во Грција - ова ги загрижи луѓето
Мечка „се прошета“ низ училишен двор во Грција.
Како што објави „Прототема“, на снимката се гледа дивиот ѕвер како шета низ училишниот двор во потрага по храна. Откако забележала луѓе, мечката избегала во непознат правец.
Грчкиот весник наведува дека училиштето e затворенo затоа што распустот е во тек, но ова не е прв пат мечките да се појавуваат во населени места во тој дел од Грција. Појавата на мечката ги загрижи локалните жители.
Слично
