(ВИДЕО) Маж во Истанбул пукаше во автомобили од покрив на зграда
Вооружен маж денеска пукал врз неколку возила од покрив на зграда во Истанбул, при што е направена материјална штета, а жртви нема.
Полицијата веднаш ја опколила зградата и набрзо успеала да го уапси напаѓачот. Нема повредени во инцидентот кој се случи во истанбулската населба Есенјурт. Турските медиуми објавија снимка во која се гледа маж на покривот со пушка во раката, додека полицајците го довикуваат од пред зградата.
Слично
