(ВИДЕО) Матурант нокаутираше 50 годишен професор
Во Копривница на матурска забава ученик со рака го удри професорот, а хрватскиот портал„ еПодравина“ објави и видео од настанот.
Повикана е брза помош и полиција по инцидентот.
„Професорот се напил и почнал да ја соблекува маицата. Неколку пати паднал пред тоа поради алкохолот. Учениците тоа почнале да го снимаат, а него тоа го разлутило и бутна еден ученик, но тој дури не ни падна, малку само се заклати. Потоа ученикот одлучи да му врати, па го удри. Тоа се случи внатре, а потоа учениците меѓу себе надвор се истепаа, додека повредениот професор крвав седеше на клупа и чекаше полиција“- вели еден од сведоците.
Медиумите во Хрватска пишуваат дека 50 годишниот професор е во болница и се претпоставува дека се здобил со потешки повреди. Ова не е официјално потврдено.
