(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЗАГРЕБ: Граѓаните вознемирени се јавуваа во полиција
Во центарот на Загреб попладнево имало масовна тепачка на околу 20 маскирани млади мажи на плоштадот „Бан Јелачиќ“, во близина на фонтаната Мандушевац.
На видеоснимките кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како групата напаѓа млад човек кој лежи на земја, удирајќи го со раце и нозе, а еден од напаѓачите во раката држи предмет налик на палка. По нападот, насилниците побегнале во правец на Европскиот плоштад.
„Сите бевме во шок, полицијата ја немаше никаде. Луѓето панично се јавуваа по телефон, веројатно во полиција. Сцената беше страшна“, изјавил еден од очевидците за локалните медиуми.
Полицијата реагирала откако добила повеќе пријави од граѓани и успеала да приведе неколку лица поврзани со тепачката. Од загрепската полиција потврдуваат дека околу 16 часот навистина имало конфликт меѓу група млади луѓе и дека дел од нив подоцна се лоцирани на неколку различни локации во центарот.
