Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Масовна тепачка среде говор на Ердоган, маж го нарече терорист

(ВИДЕО) Масовна тепачка среде говор на Ердоган, маж го нарече терорист

Масовна тепачка изби за време на говорот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во хотел во Њујорк. 

До тепачката дошло  кога еден од присутните извикал: „Ти си терорист. Губи се од мојата земја“.

Најверојатно, мажот бил Американец. Во тепачката нема потешко повредени лица.

Демонстрантите подоцна објавија фотографии од судирите на социјалните мрежи, и велат дека нивната цел била да ги осудат политиките на Ердоган во Турција, Сирија и во Ирак.

При претходната посета на САД, личното обезбедување на Ердоган ги нападна мирните демонстранти пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.


Слично

Поврзани вести