Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Македонски Анонимуси“ праќаат закана до лидерот на опозицијата

(ВИДЕО) „Македонски Анонимуси“ праќаат закана до лидерот на опозицијата

На социјалните мрежи наидовме на едно интересно видео кое што решивме да го споделиме со вас бидејќи ја заинтригирува македонската јавност која досега нема слушнато за тоа дека постојат и  „Македонски анонимуси“.

Имено таканаречените „Македонски анонимуси“ со видео на каналот Јутјуб се закануваат дека ќе објават бомба против претседателот на СДСМ Зоран Заев но притоа не наведуваат од каде ќе биде овој материјал, дали од странска служба или пак од домашната служба.

Тие наведуваат дека било хакирано таканареченото „дувло на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев“.

Погледнете го видеото што го испратија таканаречените „Македонски анонимуси“.

Но, како што налага кодексот на новинарството Фактор ја истражи автентичноста и изворот на видеото.

На самата страница на Јутјуб може да се забележи дека таканаречените „Македонски анонимуси“ каналот на Јутјуб го имаат отворено на 15-ти февруари (вчера) и имаат споделено само една содржина, а тоа е таа содржина со која се закануваат и влегуваат во политички конфликт а не да ги бранат луѓето за рамноправност како што се залагаат правилните Анонимуси.

anonimusi makedonija 1

anonimusi makedonija

Останува на вас сами да прецените дали може да им се верува на ваквите содржини .

Слично

Поврзани вести