Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Македонската репрезентација со победа над Иран, сигурна во осминафинале!

(ВИДЕО) Македонската репрезентација со победа над Иран, сигурна во осминафинале!

Нашата репрезентација денеска ја забележа и втората победа на СП во Катар,  победа која значи и осминафинале.

Нашите херои славеа со 33:31 над Иран а капитенот Кире Лазаров со 9 погодоци (6 седмерци) го доби признанието за најдобар наш ракометар на средбата, што е прв негов часовник на ова светско првенство.

Иранците се држеа до самиот крај но тоа не беше доволно да ја совладаат нашата екипа која блескаше на сите страни.

Нашата селекција утре има слободен ден, додека в понеделник ќе се соочи со БиХ (17 часот) во 3. коло од групата Б.

-Денеска имавме план да се одмориме за да бидеме свежи против  Босна, ни се случи спротивното, наместо да се одмориме ние се уморивме, вели капитенот Лазаров.

Допрва ни следуваат оние вистински тешки дуели, но што е тука не нема назад и одиме напред, изјави Лазаров по завршувањето на натпреварот.

„Посебни ми се драги овие голови, бидејќи се мои први голови за репрезентацијата на еден мундијал. Сепак важно е и што победивме и што сме многу блиску до осминафиналето, изјави Владо Недановски .
Слично

Поврзани вести