Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Македонија им нуди помош на Србија и БиХ за справување со поплавите

(ВИДЕО) Македонија им нуди помош на Србија и БиХ за справување со поплавите
Премиерот Никола Груевски денеска испрати писма до српскиот премиер Александар Вучиќ и до претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда, во кои изразува жалење за катастрофалните поплави што ги зафатија овие две балкански земји. Во писмото до Вучиќ се изразува и сочувство за двете жртви во поплавите. „Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта и поддршката на Владата на Република Македонија. Подготвени сме во најбрз можен рок, во согласност со нашите можности да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со кои располагаме со цел справување со поплавите и санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода“, стои во писмата од Груевски до Вучиќ и Беванда. http://www.youtube.com/watch?v=3_zvzPITgLg Србија денеска прогласи вонредна состојба заради поплавите кои однесоа два живота, а евакуирани се речиси 700 лица. Незапаметени поплави ја зафатија и Босна и Херцеговина, во кои е предизвикана сериозна материјална штета. http://www.youtube.com/watch?v=9exzwB-cPNs
Слично

Поврзани вести