Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Македонец со бурка украл вредни ролекс часовници во Бахреин

(ВИДЕО) Македонец со бурка украл вредни ролекс часовници во Бахреин
Македонскиот државјанин Ѓерѓ Ѓин е член на бандата која минатата година изврши грабеж во продавница на „Ролекс“ во Бахреин, од каде украде 80 скапоцени часовници со вкупна вредност од 1,4 милиони долари. Шестемина разбојници се маскирале како муслиманки со бурки и ја ограбиле продавницата во еден од трговските центри во Бахреин, по што успеале да му избегаат на обезбедувањето. Крадците се идентификувани, но уапсен е само еден од нив, како и две други лица кои им помогнале да го напуштат Бахреин по грабежот. Властите трагаат по нив преку Интерпол. На 36-годишниот македонски државјанин му се суди во отсуство и пресуда треба да му биде изречена следната недела. На Јутјуб е објавено видео од спектакуларниот грабеж, снимено со надзорните камери. Видеото содржи и снимки од апсењето на едниот од разбојниците, кај кого биле пронајдени дел од украдените часовници.
Слично

Поврзани вести