Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Македонци ја снимаат музиката за светските филмови!

(ВИДЕО) Македонци ја снимаат музиката за светските филмови!
Македонскиот симфониски оргестар познат како „Фејмс“ го снимаше специјалното симфониско дело кое го придружуваше спектакуларниот новогодишен огномет во Дубаи. Компoзиторот на ова несекојдневно музичко дело е Мет Феди, а аранжманот на македонскиот музички уметник Емин Џијан. http://www.youtube.com/watch?v=QXV4X12jfS4 Музичката подлога за огнометот кој влезе во Гинисовата книга на рекорди ја откри приказната за македонскиот симфониски оркестар. Повеќе од 7 години филмска музика за престижни филмски проекти се снима во Македонија. Над 120 талентирани македонски музичари се дел од „Фејмс“ симфонискиот оркестар, зад кој стои француската продукциска компанија позната како „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian music & entertainment). Сместени во просториите на Македонското радио и телевизија под раководство на господинот Лорен Копитс и неговата сопруга госпоѓата Насју-Мопа, кои се воедно и директори на компанијата, реализирани се фантастични музички проекти за композитори и продуценти од целиот свет. Симфонискиот оркестар „Фејмс“ на македонските музичари им овозможува ретка можност од дома да бидат дел од врвни светски филмски проекти, да го покажат својот потенцијал и воедно да ја промовираат Македонија во светот на уметноста. Меѓу големиот број успешно снимени музички проекти за голем број холивудски филмови се и музиката за „Хемингвеј и Гелхорн“ во кој главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Клајв Овен, потоа документарниот филм за промоција на Италија, во режија на познатиот Франко Зафирели, во кој глумат познати актери, како што е култната Моника Белучи и многу други. Во годинава која следува во план е снимање на музиката за отворањето на Дизниленд во Шангај, како и новиот музички постхумен албум на легендарниот Џорџ Харисон (Битлси). Главниот фокус на оваа компанија е да привлече интернационални музички проекти од целиот свет, па како резултат на нивната неколкугодишна работа во Скопје досега соработувале на повеќе од 500 проекти со голем број престижни комапнии како: Дизни, ХБО (HBO), Ворнер Броз (Warner Bros), Парамаунт (Paramount), ЕМИ мјузик (EMI Music), Канал + (Canal+), Сони Пикчерс (Sony Pictures), Катинг еџ мјузик (Cutting Edge Music) и многу други. http://www.youtube.com/watch?v=DWFXmZlUzQU  
Слично

Поврзани вести