Видео: Лукративен бизнис - Кој сака да изнајми луксузни спортски коли?
Рентакар е еден од најстабилните бизниси за кој има простор во сите поголеми градови како и во туристичките центри, но Џо Мур од Xtreme Xperience го издигнал овој бизнис модел на едно сосема ново ниво.
Неговата компанија се занимава со изнајмување на безни спортски автомобили од најлуксузните брендови како Ferrari, Lamborghini, McLaren, Bentley и останатите и за прилично високи суми им овозможува на голем број корисници да добијат уникатно искуство.
Луксузните автомобили ги изнајмуваат луѓе кои имаат доволно длабок џеб да се „повозат“ со овие скапи играчки и да импресионираат некого, а немаат средства самите да си ги купат или пак едноставно не сакаат да вложат стотина илјади евра во бесен спортски автомобил.
За само 300 долари корисниците на Xtreme Xperience добиваат можност да се испробаат на тркачките патеки и да доживеаат одлично адреналинско искуство. Во цената е вклучена и кратка обука од искусни инструктори кои ги подучуваат новите возачи на бесните спортски автомобили.
