Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Лос Анџелес плива до колена во нафта

(ВИДЕО) Лос Анџелес плива до колена во нафта

Поради пукање на надземните цевки на нафтоводот, на улиците на Лос Анџелес рано наутро се излеаа околу 190.000 литри нафта, на подрачјето на површината околу еден километар квадратен, а на некои места нафтата, според извештаите на пожарникарите, била „длабока до колена“.

Приливот на нафта во нафтоводот морал да биде далечински суспендиран, што овозможило да се пристапи кон усмукување на суровата нафта од улиците по некое време поголемиот дел од нафтата е отстранет.

Четири луѓе поради инцидентот имале проблеми со дишењето, додека двајца од нив завршиле во болница.

Две претпријатија биле принудени да ја суспензираат работата, а евакуиран е и еден стриптиз клуб.

Според тврдењата на пожарникарите, нема никави „видливи докази“ дека нафтата продрела во одводната цефка на градската канализација, но можно е да протекла под поклопците на шахтите.

На снимките кои ги објавија тамошните медиуми се гледа нафтата која како фонтана тече од цевките низ градските улици.

Суровата нафта е запалива смеса од јаглеводороди, која се користи за произведување на разни видови горива.

Слично

Поврзани вести