Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Линчуван хулиган кој го уништил привремениот меморијал на жртвите од нападот во Анкара

(ВИДЕО) Линчуван хулиган кој го уништил привремениот меморијал на жртвите од нападот во Анкара

Жителите на Анкара заплениле хулиган, кој го уништил привремениот меморијал на жртвите од атентатот во турскиот главен град од 10-ти октомври.

Пред очите на блиските кои тагувале на над 100 загинати, провокатори ги уништувале каранфилите кои беа положени на местото на бомбашкиот напад, објави турскиот канал BeyazTV.

Камерата на телевизијата снимила како неколку секунди откако се опоравуваат од шокот, граѓаните се нафрлаат врз мажот и почнуваат да го маваат со тупаници. Од збесната толпа го оттргнале пристигнатите на место полицајци. Тие го одвеле во непознат правец.

Луѓето продолжуваат да се собираат пред централната станица во Анкара и да тагуваат премолчено за загинатите. Според официјалните податоци, тие се 97, иако според други информации нивниот број е над 100.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/sLiZRpQkozI[/embed]
Слично

Поврзани вести